Добредојдовте
на страницата на МСЕД
На оваа страница можете да најдете повеќе информации за нас, новости и други активности.
Повеќе за нас…Македонското студентско етнолошко друштво - МСЕД постои повеќе од 20 години. Во 1999 година е реактивирано и пререгистрирано според одредбите на новиот закон за здруженија на граѓани на Република Македонија. Македонското студентско етнолошко друштво со своите цели, програма и статут се залага за подигнување на степенот на образование на студентите и нивно вклучување во научно - истражувачката работа и стручна и применлива популаризација на етнолошките и антрополошките културни вредности на Македонија. За таа цел се изготвени и разработени одреден број на проекти низ кои се реализира програмата и се остваруваат посакуваните цели. Досега се реализирани повеќе проекти, коишто придонесуваат за развојот на интерперсоналните и етничките односи на заедниците што живеат во Македонија, како и други активности кои придонесуваат во деталното проучување на македонската култура и традиција и нивна презентација во домашните и странски медиуми.
МСЕД реализира соработка со слични студенстки организации на други Универзитети и воспоставува соработка со слични друштва кои резултираат со размена на студенти и вклучување на студентите етнолози и антрополози од МСЕД во проекти на други организации и Факултети од странство.
За остварување на своите цели и задачи Друштвото соработува со наставно - научни институции, невладини организации, државни органи на Република Македонија, стопански и други субјекти, фондации како од земјава така и од странство.
28/11/2025
Во петок, 28.11.2025 во 12 часот во просториите на Институтот за етнологија и антропологија (Природно-математички факултет, долна зграда), ќе се одржи промоција на ново издание од областа на етнологијата и антропологијата, под наслов „Шпагети и ајвар: транслокално секојдневие на муслиманите во Македонија и Италија“. Тоа беше објавено на полски јазик во 2015 година, а сега излегува и во превод на македонски на самата авторка. Уредник на изданието е на проф. д-р Ана Ашталковска Гајтаноска, a издавач е Македонското студентско етнолошко друштво (МСЕД). Промотор ќе биде проф. д-р Љупчо Ристeски.