Изданија
Најопшто земено, предметот на овој труд е општествениот соживот помеѓу разноверците во регионот Долна Река, лоциран во долината на реката Радика, која ги пресекува планинските масиви на централно-западниот дел на Република Македонија (државата понатаму во трудот се именува едноставно „Македонија“). Посебно внимание му посветувам на административниот центар на регионот – селото Ростуше, во кое населението говори на македонски јазик, а се припадници на две монотеистички религии: муслимани (сунити) и православни христијани. Студијата се заснова врз етнографскиот материјал собран при истражување на терен во Македонија последните 10 години, најпрво во главниот град на земјата, Скопје, а од 2006 година – во Ростуше и во неколку блиски места лоцирани во регионот на Долна Река.
Превод од полски на македонски јазик: Марија Бартошевич - Атанасовска
Уредник и стручна редакција Љупчо С. Ристески
Издавач: МСЕД
28/11/2025
Во петок, 28.11.2025 во 12 часот во просториите на Институтот за етнологија и антропологија (Природно-математички факултет, долна зграда), ќе се одржи промоција на ново издание од областа на етнологијата и антропологијата, под наслов „Шпагети и ајвар: транслокално секојдневие на муслиманите во Македонија и Италија“. Тоа беше објавено на полски јазик во 2015 година, а сега излегува и во превод на македонски на самата авторка. Уредник на изданието е на проф. д-р Ана Ашталковска Гајтаноска, a издавач е Македонското студентско етнолошко друштво (МСЕД). Промотор ќе биде проф. д-р Љупчо Ристeски.